Од денеска новиот селектор на А-репрезентацијата, Гоце Седлоски и официјално трна со Македонија. Попладнево на терените на Фудбалската Федерација на Македонија, Седло заедно со своите избраници го одработи првиот тренинг пред бараж дуелот со Данска во Копенхаген за пласман на СП 2026, кој се игра на 26 март (четврток).
Време за којзнае какви новитети нема, но јасно е дека Седлоски како искусен и квалитетен тренер добро знае што треба да се стори за да Македонија на “Паркен стадионот“ може да очекува добар резултат.
Во продолжение можете да видите дел од тренингот на нашите национали попладнево.










