Со одигрувањето на последниот натпревар од 18. коло меѓу екипите на Пелистер Волеј и Вардар ЕМ во кој битолчанки остварија убедлива победа во три сета, се комплетираше регуларниот дел од сезоната во домашниот одбојкарски шампионат во женска конкуренција.
Првите осум екипи на табелата продолжуваат во разигрувањето за титулата, деветтопласираниот Фит Фан Волеј ќе разигрува за опстанок, додека екипата на Ускана се сели во второлигашката конкуренција.
ПРВА ЛИГА – ЖЕНИ / 18 КОЛО:
Јанта волеј КВ – Работнички Скопје 1:3 (25:27, 25:23, 18:25, 21:25)
Ускана – Газели волеј 0:3 (17:25, 18:25, 16:25)
Наковски волеј – Фит фан волеј 3:0 (25:16, 25:17, 25:16)
Младост УГД – Струмица жени 3:0 (25:18, 25:16, 25:9)
Пелистер волеј – Вардар ЕМ 3:0 (25:17, 27:25, 25:22)
ТАБЕЛА: 1. Наковски В. (50), 2. Младост УГД (40), 3. Работнички (39), 4. Јанта Волеј КВ (36), , 5. Газели Волеј (36), 6. Пелистер Волеј (28), 7. Вардар ЕМ (18), 8. Струмица (13), 9. Фит Фан Волеј (10), 10. Ускана (-1).
Двојки за четвртфинале на плеј-оф:
Наковски волеј – Струмица жени
Младост УГД – Вардар ЕМ
Работнички – Пелистер волеј
Јанта Волеј КВ – Газели волеј










