Србија и Раул ја минаа Литванија, сега за пласман на СП ги чека Унгарија!

233

Уште една одлична партија на ракометната селекција на Србија предводена од Раул Гонзалез, некогашниот стратег на Вардар со кој ја освои титулата во ЛШ 2017 година и некогашен селектор на Македонија. Неговите избраници денеска на гости лај Литванија, во реваншот од претквалификациите за пласман на СП 2027, славеа убедливо со 24:33, па ако се знае дека на првиот меч во Ниш беше 42:25 за Србија, тогаш јасно е која селекција си закажа главен бараж и тоа против Унгарија. Исто така јасно е дека Раул и неговите избраници против силните Унгарци влегуваат со јасна цел, а тоа е победа и пласман на СП 2027.

И денеска Србија си го искажа сиот свој квалитет во однос на немоќните Литванци. На полувреме беше 10:15 за да потоа се беше само рутинско одработување на задачата што би се рекло.

Дарко Ѓукиќ, ракометарот на Охрид беше најефикасен со 9 постигнати голови, Илиќ реализираше шест.

Кај домашните најефикасен беше Урвикис со шест голови.

ПретходноПолувреме: Убав гол на Радески за водство на Струга ТЛ!
СледноАраухо погоди за победа, ама голманот Гарсија е херојот на Барса!