Алкараз шокантно елиминиран во третото коло во Мајами

42
ФОТО: Nitto ATP Finals/FB

Себастијан Корда, 25-годишен американски тенисер, изненадувачки го победи светскиот број еден Карлос Алкараз со 6:3, 5:7, 6:4 во третото коло од турнирот АТП Мастерс 1000 во Мајами.

Откако загуби во полуфиналето на Индијан Велс од Даниил Медведев, Шпанецот Алкараз пропушти уште еден турнир Мастерс 1000. Уште повеќе, тој го напушти турнирот доста брзо во Флорида, а против Корда го забележа својот втор пораз во шестиот меѓусебен натпревар.

ПретходноПотерата по Барса продолжува: Реал го доби спектакуларното „мадрилењо“