Дијако: Купот е зад нас, да продолжиме со победа во шампионатот

45

Струга Трим Лум по болната елиминација на пенали од Шкендија во четвртфиналето на Купот, се фокусира на првенството и се враќа во акција во 24. коло од домашната фудбалска елита, гостувајќи му на Пелистер во Битола. Стружани немаат пораз на гостување во Битола, а последниот натпревар заврши со реми 1-1, при што единствениот гол за Струга ТЛ го постигна Арби Воша.

„Екипата е целосно фокусирана на денешниот натпревар, го оставивме за себе куп-натпреварот против Шкендија. И покрај тоа што немавме добар старт во пролетниот дел, можам да кажам дека како тим ќе се бориме до последниот меч во трката за шампионската титула“, изјави дефанзивниот играч за врска, Ласана Дијако.

Девет натпревари по ред Струга Трим Лум не знае за пораз против Пелистер.

„Бројките и традицијата немаат никаква вредност за мене. Сè ќе зависи од нашиот фокус на натпреварот. Мора да бидеме подготвени, решителни и да одиме кон нова победа, без да се оптоваруваме со минатото“, истакна Дијако.

Натпреварот меѓу Пелистер и Струга Трим Лум е закажан за денеска, со почеток од 14:30 часот на стадионот „Петар Милошевски“ во Битола.

ПретходноЛазаров: Честитики до момците! Играчи што имаат мала минутажа во своите клубови покажаа карактер и борба!
СледноПавел Трајковски: Дресот на Партизан е чест, задоволство и обврска