Италија со изменет состав ќе не пречека во Емполи

84

Селекторот на репрезентацијата на Италија до 21. година го објави списокот на репрезентативци на кои ќе смета за претстојните квалификациски дуели против Македонија односно Шведска.

Балдини за дуелот во Емполи каде што ќе гостуваме на 26 март одбра играчи кои што во моментов му се достапни и кои не се жалат на повреди или пак не се повикани за А репрезентацијата.

Па така, повредени се Мане, Идриси и Камарда, додека пак, Палестра и Писиди се прекомандувани кај сениорите.

Аналогно на ова, дебитантски повик за У21 Италија добиваат Џовани Дафара, голманот на Авелино, дефанзивецот на Аталанта Хонест Аханор, Матиа Манини од Јуве Стабиа и неговиот соиграч Алесио Кациамани.

Кам бек во националниот тим прават Фабио Чиародиа од Б.Менхенгладбах, и Антонио Раимондо од Фросиноне.

ПретходноПавел Трајковски: Дресот на Партизан е чест, задоволство и обврска
Следно“Специјалниот“ е човек со големо срце: Солзите на Мурињо!(ВИДЕО)