Меси и Аргентина ќе играат пријателски меч со Замбија

14

Како дел од подготовките за претстојниот Мундијал, кој што летово ќе се одржи во САД, Мексико и Канада, актуелниот бранител на титулата, Аргентина ќе одигра пријателски меч со африканскиот тим Замбија.

Мечот ќе се игра на легендарната „Ла Бомбоњера“ во Буенос Аирес на 31. март.

Натпреварот против Замбија ќе се одржи само четири дена по посетата на „гаучосите“ на Мавританија. Овие натпревари беа договорени по откажувањето на долгоочекуваната Финалисима против европскиот шампион Шпанија. Причините за откажувањето на судирот се поврзани со ситуацијата на Блискиот Исток, како и несогласувањата меѓу УЕФА и КОНМЕБОЛ околу наоѓањето алтернативна локација за натпреварот.

Претходно“Специјалниот“ е човек со големо срце: Солзите на Мурињо!(ВИДЕО)
СледноСедлоски им посака добредојде на Барди, Костадинов, Чурлинов, Дориев…..