Како што и беше најавено, денеска новиот селектор Гоце Седлоски изврши прозивка, односно ги “собра“ националите, а поводот се знае – баражите за пласман на СП 2026. Веќе во четврток Македонија гостува во Копенхаген кај Данска од полуфиналето во плеј – офот.
Јасно е дека допрва ќе се комплетираме, но затоа денеска на собирот беа Елмас, Барди,Костадинов, Чурлинов, Фетаи, Мусовски, Херера, Рамадани, Зајков, Дориев, Николов, Ристовски, Серафимов…
Убава глетка беше кога Елмас и Седлоски со насмевка се прегрнаа и си посакаа успешни настапи на нашата А-репрезентација.
Македонија верува дека оваа генерација може да дојде до историски успех.
Зошто да не?
Инаку попладнево нашите репрезентативци предводени од Седлоски ќе го одработат и првиот тренинг.




















