Со голот на нашиот интернационалец Стефан Ристовски, Сараево вечерва го победи Вележ во дербито на 26. коло во шампионатот на Босна и Херцеговина.
Ристовски го постигна единствениот гол на мечот за победа од 1:0 во 64. минута на средбата. Сараево ја прекина серијата од шест последователни натпревари без победа.










