Сандерленд со пресврт го расплака Њукасл на “Ст. Џејмс Парк“!

20
ФОТО:facebook.com/sunderlandafc/

Сандерленд го победи Њукасл на гостински терен со резултат од 2:1 во големото дерби од 31-то коло од Премиер лигата.
Њукасл поведе со голот на Гордон во 10-тата минута, но Талби и Броби стрелаа во 57-мата и 90-тата минута за победа на Сандерленд во дербито на вечните ривали.
Со овој триумф, Сандерленд ја продолжи својата неверојатна серија без пораз во лигашкото дерби со Њукасл, кое сега изнесува 11 натпревари, а во последните девет натпревари, „црните мачки“ имаат осум победи. И за да биде сè уште послатко, ова беше првиот лигашки дуел со „Сент Џејмс“ по 10 години.

Со овој триумф, Сандерленд го престигна Њукасл и сега е 11-ти со 43 бода, додека Њукасл е 12-ти со 42.

ПретходноКомо и Фабрегас маршираат кон Лигата на Шампионите!
СледноПолувреме: Убав гол на Радески за водство на Струга ТЛ!