Иако беше закажан за 14.30 часот, денешниот меч од 23.коло во ПМФЛ, почна 12 минути подоцна. Причината беше тоа што на стадионот “Петар Милошевски“ во Битола, немаше возило од Брзата помош. А се знае дека без такво возило нема шанси да почне некој меч.
Сепак во 14.42 часот пристигна Брзата помош и натпреварот меѓу Пелистер и Струга ТЛ можеше да почне и истиот веќе се игра.
Познато е дека и на двете екипи бодовите им се повеќе од потребни. Во секој случај ќе биде супер интересно во Битола.















