ТФТ со фуриозна последна четвртина до победа на дербито со Пелистер (ФОТО)

49

По тешката победа по продолжение на гостувањето кај МКК Куманово, екипата на ТФТ со голем пресврт во последните 10 минути, вечерва славеше и во дербито со Пелистер со 99:84.

Битолчани одиграа три одлични четвртини, го имаа резултатскиот тек во свои раце, но дозволија во последната четвртина од мечот се да им побегне од раце. ТФТ успеа во завршните минути да влезе посвеж и со одлична серија поени го сврте резултатот во своја полза. Инаку, Пелистер влезе во последните 10 минути од мечот со водство од три поени (68:71), но ТФТ за едн аминута влезе во егал, а на шест и пол минути до крајот веќе имаше предност од четири поени (78:74).

На средина од последниот период домашните направија и плус 8 (82:74), што беше јасен сигнал дека ТФТ на овој меч е решен да затвори нова победа. До крајот гостите тотално се распаднаа, па домашните извојуваа убедлива победа изразена со 15 поени разлика.

Гордон со 24 и Самервил со 20 поени беа главните двигатели во пресвртот кој го направи ТФТ, додека кај Пелистер најефикасен на крајот беше Вилсон со 21 поен.

ПретходноРекордер: Пеп испиша историја и ги мина Ферги, Специјалниот…
СледноБрутална прогноза:„ПСЖ ќе го победи Ливерпул со 10:0!“