ПМФЛ: Струга ТЛ победи во Битола и се врати во битката за титулата!

93

Пелистер – Струга ТЛ 0:2 е исходот од денешниот меч во Битола од 24.коло во ПМФЛ. Стрелци на головите беа Радески во првото и Малески во второто полувреме. Ова значи дека Струга ТЛ сега има 53 бода, само -5 во однос на Вардар и Шкендија, ова значи дека стружани и тоа како се вратија во битката за титулата.

Пелистер пак продолжи со очајните резултати предводен од тренерот Миламн Стојаноски. Битолчани и дефинитивно се “лизгаат“ кон ВМФЛ.

Со овој тренер Пелистер е катастрофа.

Да кажеме дека овој меч доцнеше 12 минути, и тоа поради фактот дека на стадионот “Петар Милошевски“ во Битола немаше возило за Брза помош.

Првиот дел во целост им припадна на гостите. Неколку шанси, а потоа и гол на Радески во 45.минута за водство од 0:1. Домашните во овој периоод едноставно беа очајни. Во два наврати бараат пенали, но немаше ништо од тоа.

Затоа супер интересно беше во второто полувреме. Струга ТЛ ја имаше иницијативата, шансите, Пелистер конечно тргна во напад. Домашните во неколку наврати опасно се заканија, постигнаа и гол кој беше оправдано поништен, во неколку наврати Ангелети ја спасуваше Струга ТЛ, посебно по ударот на Петар Петковски. Во 80.минута на другата страна Компаоре стрелаше за 0:2, но сепак овој гол беше поништен од страна на ВАР. Па така останаа тие 0:1 за гостите од Струга.

Во секој случај интересно беше, Пелистер доби шанса до крајот да се спаси од пораз.

Но, ништо од тоа. Малески во 87.минута стрелаше за 0:2, за голема победа на Струга ТЛ во Битола.

ПретходноАраухо погоди за победа, ама голманот Гарсија е херојот на Барса!
СледноУ-21: Манојлов е повреден, Станиќ нема да повикува нов играч!