Победата е приоритет за Пелистер на денешниот меч со Струга ТЛ

48
ФОТО:FFM.MK

Пелистер ја консолидираше играта и претставува тешка загатка за фаворитите, што се покажа и на гостувањето во Кратово, каде што играа нерешено со Силекс во мечот од претходното коло.

Во ова 24. коло, во Битола доаѓа екипата Струга ТЛ, која во моментов е на третото место на табелата и ја има традицијата на своја страна.

Победата ни е приоритет, денеска сме подготвени да ја добиеме Струга. Искрено верувам дека заедно со нашите верни „Чкембари“ ќе се радуваме на три бода. Ние нема што да изгубиме, но некогаш треба да не заобиколат малерите”, изјави Марјан Ристовски.

Промена на среќата е нешто што го посакуваме. Играме добро, но не ги реализираме шансите. И против Струга ќе го дадеме нашиот максимум, верувам дека нашите играчи во нападот ќе остават добар впечаток. Противникот не смееме да го потцениме, но верувам во мотивираноста на моите играчи”,- додаде шефот на Стручниот штаб, Милан Стојаноски.

Пред само еден месец овие две екипи играа во Битола, а тогаш резултатот беше 1:1. Единствената победа против Струга, Пелистер ја забележал на гости во 2021 година, додека сѐ уште се чека на триумф во Битола.

Натпреварот почнува во 14.30, а утре во последниот меч од ова коло во Скопје ќе играат Шкупи и Башкими.

ПретходноСедлоски им посака добредојде на Барди, Костадинов, Чурлинов, Дориев…..
СледноДориев: Среќен сум што сум повторно дел од репрезентацијата на Македонија