Полувреме: Убав гол на Радески за водство на Струга ТЛ!

99

Со убавиот гол на Марјан Радески во 45.минута за 0:1 по првото полувреме во Битола меѓу Пелистер и Струга ТЛ. Меч од 24.коло, натпревар кој е од екстра значење за двете екипи, а посебно за домашните.

Многу тактика, не така квалитетна игра и многу борба. Тоа е накусо за тоа што се случуваше во првите 45.минути.

Имаше две шанси или полушанси ако може така да се каже, и двете за гостите од Струга. Прво Диако во 22.минута шутираше силно, но голманот на домашните Јовчевски со многу напор ја скроти таа топа, натрча Компаоре и направи фаул врз домашниот голман.

Шест минути подоцна Радески од 20 метри шутираше покрај десниот дирек на Јовчевски.

Сепак на пауза се замина со предност за стружани.

ПретходноСандерленд со пресврт го расплака Њукасл на “Ст. Џејмс Парк“!
СледноСрбија и Раул ја минаа Литванија, сега за пласман на СП ги чека Унгарија!