Менаџерот на Манчестер Сити, Пеп Гвардиола, стана првиот тренер во историјата кој освоил пет Лига куп трофеи на Англија. Тој го освои својот петти трофеј со победата од 2-0 над Арсенал во финалето одиграно денеска на „Вембли“.
Гвардиола претходно го освои Англискиот Лига Куп во сезоните 2017/2018, 2018/2019, 2019/2020 и 2020/2021. Тој сега има повеќе трофеи од Брајан Клоф, Алекс Фергусон и Жозе Мурињо, кои имаат по четири.
За Манчестер Сити ова беше деветти трофеј во ова натпреварување, со што дојдоа на само еден трофеј зад рекордерот Ливерпул, кој има 10 вакви трофеи во своите витрини.










