Горан Станиќ пред тешките гостувања: Храбро против Италија и Ерменија

74

Младата репрезентација на Македонија до 21 година влегува во нов предизвик од квалификациите за Европското првенство 2027 со две тешки гостувања. На 26 март во Емполи избраниците на Горан Станиќ ќе се соочат со Италија, а пет дена подоцна, на 31 март, ќе гостуваат во Ереван кај Ерменија.

Нашата селекција веќе ги започна подготовките, со делумно подмладен состав и јасна цел, поконкурентни изданија и позитивен резултат.

„Нè очекуваат две исклучително тешки гостувања, но тоа е реалноста во овој квалификациски циклус. Направивме одредени промени и го подмладивме тимот со фудбалери кои ќе бидат носители и во следниот циклус, но и со играчи кои верувам дека веќе сега можат да одговорат на барањата.

Клучно ќе биде да одиграме дисциплинирано, одговорно и борбено. Мора да ги сведеме на минимум индивидуалните грешки што досега скапо нè чинеа и да извлечеме максимум од двата натпревари. Очекувам храбар пристап, без преценување или потценување на противникот, со фокус на нашата игра“, изјави селекторот Станиќ.

Во групата од квалификациите за ЕП 2027, македонската репрезентација во шесте натпревари, запиша домашна победа против Ерменија (2:1). Против Италија, во Битола, загубивме со 0:1.

ПретходноИ официјално: Македонија од вториот шешир ќе ги чека противниците за пласман нa ЕП 2028
СледноГвардиола: Артета создаде речиси непобедлив тим