НБА донесе одлука за суспензијата на Лука Дончиќ

1623

Суперѕвездата на Лос Анџелес Лејкерс, Лука Дончиќ, ќе биде подготвен да се соочи со Детроит вечерва откако НБА ја поништи неговата 16-та техничка грешка оваа сезона.

Дончиќ и центарот на Орландо Меџик, Битадзе, беа казнети за технички грешки 1:19 минути до крајот на третата четвртина од натпреварот што Лејкерс го добија со 105-104. Двајцата играчи разменија остри зборови додека Дончиќ изведуваше слободни фрлања, а разговорот продолжи на патот кон другата страна од теренот.

НБА објави во неделата дека техничките грешки на двајцата играчи се поништени. Доколку на Дончиќ му се изрече 16-та техничка грешка, тоа би значело суспензија од еден натпревар.

Лејкерси се во серија од девет победи, а Дончиќ во таа серија има просек од 40 поени, 8,4 скока и 7,4 асистенции по натпревар.

Натпреварот против Пистонс, кои моментално се на чело на Источната конференција, е закажан за полноќ.

ПретходноДенвер победнички, 192 трипл-дабл за Никола Јокиќ (ВИДЕО)
СледноЗа првпат: Тренингот на фудбалската репрезентација ќе биде отворен и за фановите!