Панчев: Данска е фаворит, но тоа значи дека притисокот е на нејзина страна

314

Македонската фудбалска репрезентација ја очекува огромен предизвик во бараж дуелите за претстојниот Мундијал во САД, Канада и Мексико. Македонија оди во Данска каде што во Копенхаген на 26 март во 20:45 часот го игра полуфиналето против домаќинот.

Ние веќе имаме вакво искуство со победата над Италија во Палермо, но сега е друга ситуација. Имаме нов селектор во името на Гоце Седлоски, изменета генерација, но исти мотиви и амбиции. Да стигнеме на најголемата фудбалска смотра.

Во големо интервју легендата на македонскиот фудбал, и играчот на дваесеттиот век Дарко Панчев се осврнува и на оваа тема. Панчев смета дека тоа што Данска е фаворит не само што на противникот му создава притисок, туку нас ни дава одредена предност, дека нема што да загубиме.

„Секогаш постои шанса во вакви бараж мечеви. Шансата е тука треба да се искористи. Македонија нема што да загуби, и токму затоа играчите треба да дадат се од себе. Мора да веруваат во себе. Самодовербата мора да им биде на максимум. Дабска е фаворит, но тоа значи и дека притисокот е на нејзина страна. Тоа може за противникот да е проблем. Ќе повторам, ние нема што да загубиме како што беше случајот во Палермо, и бараж дуелот со Италија, кога направивме сензација“ – вели Панчев па додава.

„Ако со господ напред што се вели успееме да победиме на овој меч, мислам дека поадекватен противник за нас, и противник, кој што повеќе сметам ни одговара е репрезентацијата на Ирсла. Чешка сметам дека игра далеку покреативен фудбал и е потежок евентуален противник“ – истакнува популарната „Кобра“.

https://www.flashscore.com/news/soccer-fifa-club-world-cup-exclusive-macedonian-legend-darko-pancev-discusses-man-utd-regret-2026-world-cup/AVwfjnK8/

 

ПретходноСРЕЌНИ ВЛТ ВЕСТИ: Н.С. ОД БИТОЛА ОСВОИ СУПЕР МИЛИОНЕР ВРЕДЕН 5.537.950 ДЕНАРИ
СледноИ официјално: Македонија од вториот шешир ќе ги чека противниците за пласман нa ЕП 2028