Решат Рамадани: Ова е најважен натпревар за Македонија!

256

Нашата најдобра фудбалска репрезентација во четврток го игра бараж мечот за пласман на СП 2026 со Данска во Копенхаген. Одамна е познато е дека ако успееме да славиме тамум, тогаш во финалето од овој плеј-оф ќе играме со победникот од мечот Чешка – Р. Ирска.

За тоа што може да се очекува од дуелот со Данска, свое видување имаше нашиот репрезентативец, Решат Рамадани:

Секако дека ова е најважен натпревар за Македонија. Што може да се каже? Јасно е дека ќе дадеме се од себе на гостувањето кај Данска, на терен, дека ќе го дадеме максимумот, па после мечот ќе видиме дали е тао доволно. Македонија треба да одигра тактички добро, да одиме 100 % на секоја топка. Ние сме мирни, знаеме дека трибините на „Паркен стадионот“ ќе бидат преполни, веројатно тоа ќе биде мотив повеќе за нас. Знаеме што не чека таму“ рече покрај другото Рамадани.

ПретходноПМФЛ: Шкупи имаше водство од 2:0, ама на крајот не успеа да дојде барем до бод!
СледноЕлмин Растодер: Имаме одличен тим, нов селектор!