Попладнево на терените на Фудбалската федерација на Македонија во Скопје, беше одработен вториот тренинг од подготовки за бараж дуелот со Данска. Во една одлична, работна атмосфера, со мотиви до небо, нашите најдобри фудбалери го одработија тренингот онака како што беше го замислил новиот селектор Гоце Седлоски.
Инаку пред тренингот и тоа како беше весело, а за тоа се погрижија дечињата од градинаката “Детска радост“ кои присустваа на истиот а имаше време да се дружат со нашите репрезентативци.
Јасно е дека и тие сакаат победа во Копенхаген, па посакаа многу среќа во четврток на “Паркен стадионот“ и секако победа.


















