Македонската фудбалска репрезентација е на два чекори до Светското првенство 2026 година. Првиот чекор е бараж мечот против Данска, кој се игра во Копенхаген на 26. овој месец, нашите момци имаат тешка, но не и невозможна мисија.
Новиот селектор, Гоце Седолоски и неговите избраници вчера го одржаа првиот тренинг во мини-подготовките.
Денешниот тренинг ќе биде отворен за сите, од ФФ повикаа секој кој што сака да ги поддржи фудбалерите пред мечот со Данска може да дојде денеска на ТЦ „Петар Милошевски“ во 16 часот.










