Лина Ѓорческа поразена на првиот натпревар по враќањето од повредата

56
фото: mtftennis.mk

Нашата тенисерка Лина Ѓорчевска го загуби првиот натпревар по враќањето од повредата. Лина беше поразена со 2:0 против тенисерката Лејре Ромеро Гормаз и така го заврши својот настап уште во првата рунда од челенџер турнирот од серијата 125 кој се одигра во Дубровник.

Ѓорческа загуби со идентичен резултат во двата сета и успеа да освои по три гема во секој сет (6:3, 6:3). За нашата тенисерка ова беше прв настап по пауза од речиси месец и половина.

Таа доживеа повреда на полуфиналето од турнирот во Порто и одлучи да се повлече се додека повредата не се санира.

ПретходноКавадарчани славеа против МКК Куманово
СледноОсимен е веќе опериран, не се знае кога ќе се врати на терен