Македонија, Србија и Црна Гора одржаа состанок за формирање на регионална ракометна лига

235

Претставници на ракометните федерации на Македонија, Србија и Црна Гора денеска одржаа официјален состанок на кој што тема беше формирањето на регионална ракометна лига во машка и женска конкуренција.

На состанок секако дека беа разгледани повеќе варијатни и солуции околу тоа како и на кој начин би функционирале лигите во обете конкуренции.

Сите учесници на состанокот изразија цврст и единствен став дека заедничките лиги треба да започнат веќе од септември оваа година, со висок степен на организација и професионални стандарди.

Конечната одлука за форматот на натпреварувањето ќе биде донесена на наредниот состанок, кој е планиран за април во Скопје, кога ќе бидат усогласени сите клучни детали и ќе се дефинира конечниот модел на лигите. На наведениот состанок ќе бидат поканети и претставници на клубовите, со цел активно да учествуваат во процесот на донесување одлуки.

Ракометните федерации продолжуваат со интензивна комуникација и соработка со цел реализација на овој значаен проект за развој на ракометот во регионот.

 

https://macedoniahandball.com.mk/soopshtenie-za-javnost-3/?fbclid=IwY2xjawQuAQBleHRuA2FlbQIxMABicmlkETFqYzYxdWVQVEJvSEt6bm5wc3J0YwZhcHBfaWQQMjIyMDM5MTc4ODIwMDg5MgABHnvK2cQVB4mAr6M25I4oskck5_DzYbgEsqlfeKVJrbLFJ-ZJiAWUywPztxec_aem_cNgbrJcjjGi9xYJ_hT4wVA

ПретходноАртета: Многу тажен ден…
СледноЗидан ги договорил сите услови со Француската федерација