Марјан Секуловски се враќа на кормилото на Пелистер

133
фото: ФК.Пелистер Битола (Facebook)

Mарјан Секуловски од денес е нов тренер на ФК Пелистер и ќе го води тимот до крајот на оваа сезона. Како што предмалку објавија од редовите на битолскиот состав, идејата на сите структури во клубот е работите да се стабилизираат пред одлучувачките натпревари до крајот на сезоната.

„ФК Пелистер повикува на обединување во последните два месеци од сезоната за исполнување на клупските цели. Нашата идеја е сите структури во клубот и градот да пулсираат исто за на последните девет натпревари оваа сезона Пелистер биде оној вистинскиот. Затоа решението за излез од кризниот период го побаравме во нашите редови. Како и сите големи клубови се потпревме на оние кои најдобро знаат што е Пелистер, како се менаџира тежок период во клубот и кој е патот за излез од кризата. Секуловски е дете на клубот, долги години играше и во водеше тимот, а својата професионала кариера го однесе во Победа, 11 Октомври, Новаци, Силекс, Македонија Ѓорче Петров, Брегалница, Мјанмар, Малдиви, Бангладеш… Секуловски во изминатите 8 месеци во клубот е поставен како координатор на школата“, објавија од редовите на „зелено-белите“.

53-годишниот Секуловски в среда ќе го одржи првиот тренинг, а ќе дебитира на 4 април против првакот Шкендија.

ПретходноОсимен е веќе опериран, не се знае кога ќе се врати на терен
СледноНеверојатна ефикасност: На пет меча од 19.коло во ПЖФЛ постигнати беа 39 голови!