Неверојатна ефикасност: На пет меча од 19.коло во ПЖФЛ постигнати беа 39 голови!

50

Вчера се одиграа сите пет меча од 19.коло во нашата елитна женска фудбалскла лига постигнати беа неверојатни 39 голови. И ако веќе не можеме да се пофалиме со којзнае каков квалитет, тогаш јасно е дека можеме да се пофалиме дека има голови и тоа како, или во просек по речиси осум на секој меч.

Фудбалерките на Љуботен славеа дури со 16:0 против Кочани, а по четири голови постигнаа Елена Симјанова и Меланија Грозданова.

Да кажеме дека на табелата по ова 19.коло лидерки се фудбалерките на ЖФК Скопје со 54 бодови. ЖФК Љуботен со тие -9 бода, по казната, сега е на 4.место со 37 бодови. Оваа екипа досега успеала да постигне дури 91 голови на 19 меча.

РЕЗУЛТАТИ

ЖФК Скопје – АСС Унитед 8:0

Тиверија Брера – ЖФК Вардар 7:0

СЦ Истатов – ЖФК Речица 1:0

ЖФК Љуботен – ЖФК Кочани 16:0

Каменица Саса – Топ Гол 7:0

ПретходноМарјан Секуловски се враќа на кормилото на Пелистер
СледноЛеброн, сепак, ќе прифати нов договор со Лејкерс?