Не е само ПСЖ, уште два тима во трката за екс-тренерот на Вардар 1961

210

Роберо Гарсија Парондо во изминатиот период е топ тема кога станува збор заа трансфер листата. Шпанскиот стратег, кој му ја донесе втората титула на Вардар во Лигата на шампиони стана мета на неколку клубови.

Покрај ПСЖ за кого се погласно се зборува дека би можел следната сезона да ја превземе клупата, во трка за Парондо се и двата унгарски тимови. Неофицијално Пик Сегед и Веспрем се еднакво заинтересирани за услугите на Шпанецот, кој во овој момент е тренер на Мелсунген и со кого ќе игра 1/8 финале во Европската лига.

Парондо го водеше Вардар во периодот од 2018 до 2019 година.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by RThandball official (@rthandball)

ПретходноАлексовски: Со три бода против Шкупи го зацврстуваме местото во средината на табелата
СледноАртета: Многу тажен ден…