Николов: Сите веруваме и дојдовме тука со таа цел – нема да се предадеме!

96
Фото: ФФМ

Македонската репрезентација се подготвува за првиот плеј-оф натпревар против Данска за пласман на Светското првенство, а во составот повторно е Бобан Николов, кој се враќа во националниот тим по двегодишна пауза. Искусниот играч за врска верува во квалитетот на репрезентацијата и можноста за изненадување во Копенхаген.

„Сите знаеме што значи да се игра за репрезентација. Тоа не може да се спореди со ништо, играш за својата држава и ја претставуваш. Се надевам дека ќе биде одлично и дека со моето искуство, заедно со сите во тимот, ќе придонесам да стигнеме до посакуваната цел.

Искрено верувам дека можеме. Нормално е да се надеваме, а ако ни е денот, можеме и да изненадиме. Сите веруваме и дојдовме тука со таа цел. Нема да се предадеме, ако сите одиграме на највисоко ниво, можеме да сонуваме за пласман. Прво размислуваме за Данска, тоа е најважниот натпревар. Притисокот е на нивна страна, а ние немаме што да изгубиме, можеме само многу да добиеме. Ќе влеземе смирено, ќе го оставиме срцето на терен, па што биде нека биде.

Селекторот носи агресија и силна мотивација. Знае како да ги поттикне играчите и мислам дека тоа е голем плус за нас. Ако таа енергија се пренесе на терен, можеме многу да постигнеме.“

ПретходноСоиграчот на Елмас е убеден во пласман на СП: Сета почит кон Македонија, но Данска има златна шанса!
СледноАлексовски: Со три бода против Шкупи го зацврстуваме местото во средината на табелата