Кога ќе се победи лидерот, кога ќе му се нанесе пораз на најсериозниот аспирант за титулата, тогаш нема дилеми дека тренерот на победничката екипа е и тренер на ова 24.коло. Тоа е Вилдан Салиу од Арсими, кој успеа заедно со своите играчи да го победи Вардар со 1:0. Освоени се големи три бода во битката за титулата и воедно Салиу и Арсими покажаа како треба да се игра против Вардар ако се сака да се освојат трите бода против лидерот.
Тимот од Чегране не се исплаши од големиот фаворит, напротив. Момците на Салиу одиграа храбро, одважно, знаеја што сакаат и знаеја како да дојдат до големата победа.
И кога е така, а така е, тогаш јасно е дека Вилдан Салиу е тренер на ова 24.коло.















