И официјално: Македонија од вториот шешир ќе ги чека противниците за пласман нa ЕП 2028

205

Европското првенство во 2028 година за мажи е закажано да се одржи помеѓу 13 и 30 јануари 2028 година и на него ќе учествуваат 24 екипи кои ќе се борат за посакуваниот трофеј. Четири од учесниците на завршниот турнир се веќе познати, бидејќи актуелниот шампион Данска и трите земји домаќини – Шпанија, Португалија и Швајцарија – нема да учествуваат во квалификациите.

32 други екипи ќе се борат за 20-те места достапни за завршниот турнир, а ждрепката ќе одреди осум групи од по четири учесници за квалификациите, а меѓу нив е Македонија.

ЕХФ потврди дека нашата ракометна репрезентација од вториот шешир ќе ги чека противниците во квалификациите за ЕП 2028. Таму уште се и Австрија, Холандија, Фарски Острови, Србија, Полска, Чешка и Италија, автоматски Македонија нема да игра против овие селекции.

Првопласираните и второпласираните екипи од секоја група во квалификациите за ЕХФ ЕУРО 2028 за мажи ќе обезбедат место на завршниот турнир, како и четирите најдобри третопласирани екипи.

Екипите се поделени во четири шешири според соодветниот ранг на машките репрезентации на ЕХФ:

Шешир 1: Хрватска, Франција, Германија, Унгарија, Исланд, Норвешка, Словенија, Шведска
Шешир 2: Австрија, Чешка, Фарски Острови, Италија, Македонија, Холандија, Полска, Србија
Шешир 3: Белгија, Босна и Херцеговина, Грузија, Грција, Литванија, Црна Гора, Романија, Украина
Шешир 4: Естонија, Финска, Израел, Косово, Латвија, Луксембург, Словачка, Турција

Ждрепката е закажана за 26 март во почеток во 19 часот.

ПретходноПанчев: Данска е фаворит, но тоа значи дека притисокот е на нејзина страна
СледноГоран Станиќ пред тешките гостувања: Храбро против Италија и Ерменија