Македонската фудбалска репрезентација в четврток на 26 март со почеток во 20:45 часот го игра полуфиналниот меч од бараж дуелите за Мундијалот во САД, Мексико и Канада следното лето.
НАшито национален тим вчера ја одржа прозивката, а и првиот тренинг. Утре заминува за Данска со пладневен чартер лет. А таму не чека полн стадион.
Според последните информации од Данска кои се објавени предмалку, стадионот Паркен каде што се игра дуелот против Македонија е тотално распродаден.
Поточно, капацитетот од 38.190 е пополнет до последното место.

Мора да се напомене и дека Македонија има 1000 билети од полниот капацитет, кои исто така се распродадени.
„Фалангата“ ќе има сериозна улога в четврток како и на многу наши големи гостувања низ годините.











