ПМФЛ: Шкупи имаше водство од 2:0, ама на крајот не успеа да дојде барем до бод!

388

Во последниот меч од 24.коло во ПМФЛ, поладнево во Куманово, Шкупи со 2:3 како домаќин, беше поразен од составот на Башкими. Ова беше уште еден пораз за чаирчани, ама денеска беа најблиску до второ реми во шампионатот и до прва победа ако се знае дека водеа со 2:0. Сепак не успеаја во тоа, па така Шкупи и натаму останува единствен тим кој нема победа во Европа. Досега тоа беше и Енозис Паралими на Бојан Марковски, ама овој тим од Кшар победи викендов.

Инаку Шкупи поведе со 2:0 со двата прекрасни гола на Зибери и Асани во 48. и 50.минута. И место по тие 2:0 младите фудбалери на Шкупи да подзастанат, да го чуваат својот гол и водство, тие тргнаа се чини по трет и погрешија. Башкими дојде до пресврт и победа од 2:3.

Прво Личина во 78.минута успеа да намали, потоа Ферати си даде автогол за да Рибеиро во 88.минута стрелаше за победа, интересно овој последниот есеноска беше дел од тимот на Шкупи.

Па така Шкупи остана само на тој бод освоен со Работнички од 4.окотомври кога тој меч заврши без победник.

И на крај што правеше Башкими, што играше овој тим, тоа само луѓето од овој клуб си знаат. Несфатливо како одиграа кумановци до 70.минута.

ПретходноБез Алиоски во Копенхаген!
СледноРешат Рамадани: Ова е најважен натпревар за Македонија!