Селекторот на Данска пред дуелот со Македонија:“Преземете одговорност сега!“

251

И повеќе од јасно е дека Данска е фаворит во однос на Македонија на полуфиналниот меч од плеј – офот за пласман на СП 2026. Денеска одредени дански репрезентативци, како Хојлунд на пример, со потценување говореа за нашата репрезентација.

Од друга страна селекторот на селекцијата на Данска, Брајан Ример имаше своја порака за своите избраници пред дуелот со Македонија в четврток во Копенхаген:

Важно ми е да кажам дека сите треба да учествуваат. Без разлика дали имате нула или 145 натпревари, станува збор за тоа да не гледате преку рамо и да велите дека некој друг ќе го среди тоа. Преземете одговорност сега“, истакнува Брајан Ример, кој избра состав од 25 играчи за мартовскиот собир, каде што има осум можни дебитанти и продолжи:

Националната репрезентација е место каде што многу работи почнуваат да се средуваат. Создаваме нов тим Во нашиот состав сега остануваат само 11 играчи од Евро 24. Значи, помалку од половина се тука.Станува збор за тоа секој да го испорача она што може за тимот. Секој што дошол тука во базата доаѓа со насмевка на лицето и е полн со енергија вели тој.

ПретходноДимитриевски му пресуди: Севиља го откачи Алмеида!
СледноПандев во подкастот на ФФМ за оваа генерација, за тоа каде сме сега, за Омерагиќ, ЕУРО 2020, за Морати и вистинскиот Роналдо…(ВИДЕО)