Данска денеска на избори, Македонија слетува кога се затвораат „кутиите“

377

Малку чудно, но вистинито, е тоа што иако денеска е вторник во Данска главна тема и целиот фокус на јавноста е насочен кон редовните парламетарни избори. Данците гласаат за нова влада и нов премиер кој ќе ја води државата во наредните 3 години и тоа на два дена пред бараж дуелот со Македонија. Нашата експедиција во текот на денов заминува за Копенхаген, а чартер летот е закажан за 15 часот. Во времето кога ќе се затвараат гласачките „кутии“, нашиот национален тим се очекува да пристигне во престолнината на „викинзите“.

Македонските фудбалери денеска предпладне ќе тренираат на комплексот на ФФМ и потоа заминуваат на аеродром, а во текот на утрешниот ден е последниот и официјалниот тренинг на стадионот „Паркен“. Инаку, веќе е познато дека од вчера капацитетот на стадионот е распродаден и во четврток околу 38.000 гледачи ќе го следат дуелот помеѓу селекциите на Данска и Македонија.

ПретходноФФМ со информации за влез, фан зона и организација за натпреварот во Копенхаген
СледноКапинковски: Големо искуство за оваа талентирана генерација на фудбалери