Иванковиќ: Олимпијакос има квалитетен тим, но сигурен сум дека ќе одговориме на предизвикот

69

ГРК Охрид е целосен свртен кон четвртфиналниот дуел против Олимпијакос во ЕХФ Европскиот Куп. Македонскиот претставник во ова натпреварување првиот меч го игра на гостински терен на 28 март со почеток во 18 часот.

Со оглед на тоа дека двата тима се договорија да не продаваат билети за гостински навивачи, ракометарите на ГРК Охрид ќе играат пред полна сала со противнички фанови.

Овој двомеч ќе биде вистински тест за силите на европски ГРК Охрид, кој вложи сериозни пари во овој проект, па се очекува да биде во перфектно издание и на двата натпревари.

„Пред нас е тежок натпревар во Атина против Олимпијакос. Играме со ривал што е многу квалитетен, со големи имиња во својот состав. Имавме десетина дена да се подготвиме за овој важен натпревар, направивме добра анализа и тактика и сигурен сум дека ќе одговориме на предизвикот. Верувам дека секој еден од нас ќе биде мотивиран и подготвен за дуелот кој ќе ни открие многу за реваншот во „Билјанини Извори“, изјави хрватскиот бомбардер во редовите на Охрид, Анте Иванковиќ.

За постетување минатата сезона ЕХФ Европскиот Куп го освои Алкалоид.

ПретходноСловачка одлучи во кој град ќе ја пречека Македонија!
СледноСкандалозно и шокантно: Во Реал на Мбапе му лекувале погрешно колено?!