КМФ Проект и официјално е шампион на Македонија во футсал

95

КМФ Проект ја освои шампионската титула во Првата футсал лига во Македонија, крунисувајќи ја одличната сезона со доминантни настапи и континуирани резултати каде на 4 кола до крајот успеаја да ја впишат втората титула.

Тимот покажа карактер, заедништво и квалитет во текот на целата сезона, што резултираше со заслужено освојување на првото место со скор од 14 победи на исто толку натпревари.

„Оваа титула е резултат на огромен труд, посветеност и верба. Горд сум на целиот тим и на сите кои се дел од клубот“, изјави претседателот од клубот Иван Гавровски.

Со оваа титула, КМФ Проект обезбеди и пласман во квалификациите за Лигата на шампиони, што претставува историски успех за клубот.

ПретходноСонот од нашето детство е Светско – фудбалерите летнаа за Копенхаген (ФОТО)
СледноРеваншот помеѓу Шкендија Тетово и Шкендија Арачиново ќе се игра во Куманово?