Натпревар од Прва лига на Фарски Острови заврши со резултат 30:0

69
фото: Færøsk fodbold (X)

Во шампионатот на Фарските Острови во женска конкуренција, вчера беше постигнат историски резултат. Имено на еден натпревар од тамошната Прва лига за жени домашните славеа со фантастични – 30:0.

Станува збор за натпревар на домашниот ХБ и екипата на Стрејмур-Хојвик, каде домашнте фудбалерки ја наполнија гостинската мрежа. Гледано во просек, фудбалерките на ХБ на овој натпревар постигнуваа по еден гол, практично на секои 3 минути.

„Фудбалот се врати. Натпревар богат со голови во Гундадалур. ХБ е на врвот на табелата, а женскиот тим на Клаксвик е на моментално второто место, откако победија „само“ со 11-0 во првото коло“, напишаа од екипата на ХБ на социјалните мрежи.

ПретходноМакедонија У17 ќе стартува против силната Германија на елитниот турнир
СледноПо поволен резултат во Италија да дадеме нов колосек на квалификациите