По поволен резултат во Италија да дадеме нов колосек на квалификациите

75

Македонската репрезентација до 21. година од вчера се наоѓа во Италија, каде што во четврток со почеток од 18:15 часот на стадионот Карло Кастелани во Емполи ќе го одигра новиот дуел од актуелната квалификациска кампања.

Резултатите од истата во моментов не ни одат во прилог, односно оваа генерација и покрај талентот и квалитетот кој што го поседува не обезбеди онолку бодови колку што реално очекувавме.

Сега, на ред е дуелот со Италија на гости, во моментов второпласираната репрезентантација во групата со 15 бодови, и секако голем фаворит. Од друга страна пак ние сме претпоследни со само три бода од шест меча.

„Нè очекуваат две исклучително тешки гостувања, но тоа е реалноста во овој квалификациски циклус. Направивме одредени промени и го подмладивме тимот со фудбалери кои ќе бидат носители и во следниот циклус, но и со играчи кои верувам дека веќе сега можат да одговорат на барањата“ – рече селекторот Горан Станиќ пред заминувањето за Италија.

Нашиот состав е без Никола Манојлов од Работнички кој поради повреда отпадна од комбинација.

ГОЛМАНИ: Васко Василев (Струга Трим Лум), Љупче Џеков (Силекс), Никола Филевски (Брегалница).

ОДБРАНА: Марко Стоилевски (АП Брера), Андрија Димески (Вождовац; Србија), Андреј Аризанковски (АП Брера), Анес Мелиќи (Шкендија Тетово), Ѓорѓе Џеков (Силекс), Нуман Ајетовиќ (Шкендија Тетово), Меметриза Хамза (Струга Трим Лум), Давид Стојановски (Браво, Словенија).

СРЕДЕН РЕД: Матеј Ангелов (Работнички), Сејдо Дураков (Рот Вајс Ерфурт, ГерманијаО, Илија Масларов (Лугано, Швајцарија),Матео Софијаноски (Македонија ЃП), Мартин Ѓоргиевски (Збројовка Брно, Чешка), Мухамед Куртиши (Базел, Швајцарија).

НАПАД: Димитар Данев (Вардар), Матеј Гаштаров (Борац Чачак, Србија), Кире Стојанов (АП Брера), Адмир Љатифи (Осијек, Хрватска), Димитар Трајков (Дуго Поље, Хрватска)

ПретходноНатпревар од Прва лига на Фарски Острови заврши со резултат 30:0
СледноСонот од нашето детство е Светско – фудбалерите летнаа за Копенхаген (ФОТО)