Словачка одлучи во кој град ќе ја пречека Македонија!

482

Македонската ракометна репрезентација има големи шанси да се најде на ново големо натпреварување. Селекторот, Кирил Лазаров и неговите момци на патот кон пласман на Светското првенство 2027 година ја добија Словачка.

Македонија е гостин на првиот бараж меч, а истиот ќе се игра во Прешов на 14. мај, во Татран Хендбал Арена која има капацитет за 3870 гледачи, одлучи Словачка. Вториот натпревар ќе се одигра три дена подоцна во Скопје, поточно во салата „Борис Трајковски“ со почеток во 19 часот.

Светското првенство ќе се игра во Германија, а доколку Македонија се пласира нема да бидел дел од групата која ќе биде сместена во Штутгарт.

ПретходноХаос кај можниот ривал на Македонија: Скандал со наместени натпревари, обвинети се 47 лица!
СледноИванковиќ: Олимпијакос има квалитетен тим, но сигурен сум дека ќе одговориме на предизвикот