Капинковски: Големо искуство за оваа талентирана генерација на фудбалери

116
ФОТО:FFM.MK

Репрезентацијата до 19 години оваа недела ќе настапи во првата рунда од квалификациите за пласман на Европското првенство. Составот предводен од Димитар Капинковски е дел од групата во која покрај Македонија ќе партиципираат селекциите на Фарски Острови, Молдавија и домаќинот Холандија,

„Преку турнирите и тренинг камповите што ги организиравме во текот на изминатиов период имавме доволно време да се подготвиме за она што не очекува. За жал на овој турнир ќе настапиме без Ненад Дамјановски кој паузира поради потешка повреда, а во идентична ситуација се Александар Грашески и Стоилов кои се уште се рехабилитираат. Во моментов на располагање ги имаме најдобрите од оваа генерација и ќе направиме се за да се покажеме најдобро издание. Настапот во овие квалификации е одлична можност преку играње на натпревари со квалитетни противници да го стекнат потребното искуство кои многу ќе им помогне во текот на кариерата“, изјави Капинковски.

Прв противник ни е селекцијата на Фарски Острови, натпреварот се игра на 25 март со почеток во 17 часот. Три дена подоцна се соочуваме со домаќинот Холандија додека на 31 овој месец противник ни е Молдавија.

ПретходноДанска денеска на избори, Македонија слетува кога се затвораат „кутиите“
СледноНа денешен ден: Вака беше во Палермо, вака нека биде и во Копенхаген!(ВИДЕО)