Дени Мусовски конечно доби повик за настап за својата Македонија. Момчето кое е родено во САД и кое има наши корени со кои тој се гордее по одличните настапи за својот Сиетл во МЛС, доби повик од новиот селектор Гоце Седлоски за претстојните баражи за пласман на СП 2026. Дени дојде во Скопје, тренираше со своите репрезентативни колеги а секако дека ќе биде еден од адутите на Македонија во Копенхаген в четврток.
Македонецот од САД, во големо интервју за “flashscore.com“, покрај другото кажа:
„Мислам дека тоа веројатно би бил најголемиот сон за секој играч, да игра на Светското првенство. Тоа е врвот за секој спортист. Тоа е најголемото спортско натпреварување во светот со голема разлика. Сон на секој играч е да игра на него.За мене, сонот би бил да играм за Македонија и да ја претставувам мојата земја и моето наследство на толку голем турнир на светската сцена. Тоа би било неверојатно искуство. Ќе се потрудиме најдобро што можеме да се квалификуваме и се надеваме дека ќе бидеме во САД, Мексико и Канада за тоа Светско првенство“, додава Мусовски.
Македонија е аутсајдер против фаворизираната Данска, но вербата е тука, а Мусовски е уверен во успехот прво во Копенхаген, а потоа ја избира Ирска како свој префериран противник за финалето на гости, кое ќе се одржи само неколку дена подоцна, на 31 март.
„Дефинитивно верувам дека ќе победиме. Не мислам дека некој професионален фудбалер верува дека ќе изгуби натпревар. Одиме во Данска со надеж дека ќе победиме. Данска е навистина добар тим, па дефинитивно ќе биде тешко натпреварување. Но, и Македонија има добар тим, па ако одиграме добро, можеме да се пласираме добро и се надеваме дека ќе се квалификуваме за Светското првенство“, заклучи Мусовски.










