Во шампионатот на Фарските Острови во женска конкуренција, вчера беше постигнат историски резултат. Имено на еден натпревар од тамошната Прва лига за жени домашните славеа со фантастични – 30:0.
Станува збор за натпревар на домашниот ХБ и екипата на Стрејмур-Хојвик, каде домашнте фудбалерки ја наполнија гостинската мрежа. Гледано во просек, фудбалерките на ХБ на овој натпревар постигнуваа по еден гол, практично на секои 3 минути.
„Фудбалот се врати. Натпревар богат со голови во Гундадалур. ХБ е на врвот на табелата, а женскиот тим на Клаксвик е на моментално второто место, откако победија „само“ со 11-0 во првото коло“, напишаа од екипата на ХБ на социјалните мрежи.










