Ова се желбите на Ливерпул за местото на Салах!

175
ФОТО: FC Liverpool/FB

Не минаа ни два часа откако Мохамед Салах кажа, а Ливерпул потврди, дека на лето ќе се раздели од „Енфилд“, веднаш почнаа шпекулациите за тоа кој ќе биде наследникот на “Фараонот“ во дресот на “Редси“.

Веќе е познато дека првата желба на Ливерпул е Мајкл Олисе. Сепак Ливерпул не е единствениот што се споменува, иако во моментов се чини речиси невозможно Баерн Минхен да се согласи да го продаде својот најдобар играч. Олисе стана еден од најдобрите во светот, има силен договор до летото 2029 година и Баерн нема причина да преговара.
Олисе моментално е проценет на дури 140.000.000 евра и тоа е минималната бројка што Ливерпул би можел да ја понуди. Покрај тоа, Баерн сè уште не заборавил како Ливерпул му го грабна Флоријан Вирц, што може дополнително да ја комплицира нивната почетна точка на преговори.
Другиот што беше споменат е – Бредли Баркола. Во прашање е уште еден Французин, тој игра за ПСЖ, а околу него се шпекулираше дека некако би можел полесно да дојде од Олисе. Баркола не беше секогаш стандарден под водство на Луис Енрике, бидејќи крилниот тандем често го сочинуваше Дезире Дуе и Квича Кварацкелија.
Баркола има договор со Парижаните до летото 2028 година, а
Сигурно е дека во наредните месеци спортскиот директор Ричард Хјуз ќе истражи други опции на пазарот, но според информациите што циркулираа досега, Олисе и Баркола се играчи кои сигурно се по вкус на „црвените“.

ПретходноНишто ново: Нејмар пропуштил меч на Сантос поради маратонско играње покер?!
СледноПокетино:„Ми недостига Англија и фудбалот во Премиерлигата!“