Партизан се измачи со Асвел, Баерн без Нено немоќен против Жалгирис!

74
ФОТО:x.com/PartizanBC

Вечерва се одиграа осум натпревари од 33.коло во Евролигата. Партизан во „Арената“ во Белград и тоа како се измачи за да дојде до нова победа и тоа против последнопласираниот тим на табелата, Асвел. При резултат 78:78 на 1,1 секунда до крајот, Карлик Џонс изведе две слободни фрлања. Првото го погоди за 79:78 а второто го промаши, веројатно намерно, па така Партизан дојде до победата, четврта во низа во Евролигата.

Хертел кај гостите беше најефикасен со 19 поени, додека кај победничкиот тим Осетковски беше најефикасен со 16 поени.

Да кажеме дека ако некогаш се бараше билет повеќе за мечевите на Партизан, некогаш имаше и по 24.000 гледачи во „Арената“, вечерва имаше едвај 10.000 гледачи. Ова кажува многу.

Баерн Минхен без Ненад Димитријевиќ беше немоќен на гости кај Жалгирис. Гордоста на литванската кошаеркарска гордост славеше со 78:71. Македонскиот кошаркар не беше во составот на Светислав Пешиќ.

На останатите мечеви се постигнаа следните резултати:

Макаби – Фенербахче 94:89, Монако – Милано 90:85, Дубаи – Панатинакос 104:107, Барселона – Ефес 78:71, Валенсија – Олимпијакос 85:84, Реал Мадрид – Хапоел 92:83.

ПретходноПокетино:„Ми недостига Англија и фудбалот во Премиерлигата!“