Колото број 3 донесе промена на челната позиција на табелата во „Шпаркасе Лајф“ Првата лига, но и неколку одлични индивидуални изданија. Две од нив се токму од редовите на новиот лидер, екипата од Крива Паланка.
АБИ НИЕХУЕС (КРИВА ПАЛАНКА)
Со максимален ангажман ги одигра оние 25:11 минути на средбата со Спорт тим. За тоа време поминато во игра, запиша дабл-дабл ефект. Беше изразен со реализација на 21.поен (9/15 за два поени и 3/3 за еден). На тоа додаде и 13.скока (седум од нив во фазата на напасот), плус и три асистенции, две освоени топки, но имаше и седум блокади, кои во крајниот збир и донесоа 40. индексни поени.
КАЈЛА ТОМАС (ПРОБАСКЕТ)
Сличен ефект. односно 39.индексни поени оствари и кошаркарката на Пробаскет. На средбата со екипата на МЗТ бела вода, постигна 31.поен (14/20 во обидите за два поени, и 3/3 од линијата за слободни фрлања.
Оствари и 12. скока (половина од нив во фазата на нападот), дополнети со две асистенции, две блокади и две загубени топки, за 37:12 минути во игра.
МИЛИЦА НИКОЛИЌ (ВАРДАР)
На средбата со тимот на Патриот 2016, репрезентативката од редовите на Вардар дојде до уште еден двоен ефект. Реализираше 25.поени (10/13 во шутот за два поени и 5/6 од линијата за слободни фрлања). Освен тоа имаше и 14.скока (три офанзивни).
А за 24:53 минути на теренот, имаше и три асистенции и по една освоена, односно загубена топка и блокада кои и донесоа 37.индексни поени во вкупниот индивидуален збир.
ДЕЈА ГРИН (КРИВА ПАЛАНКА)
Бекот на екипата од Крива Паланка „флертуваше“ со троен ефект на дуелот со тимот од Неготино. За 27:25 минути во игра, забележа ефект од 13.поени (1/1 за три и 5/7 во обидите за два поени). Дополни со осум скока, исто толкав број на успешни додавања, но и шест освоени топки, две загубени и една блокада за тоа време на теренот според кои оствар индекс 31.
ЛОРЕН СКОТ (ПАТРИОТ 2016)
Уште едно ефикасно издание на новата кошаркарка на екипата од Делчево. ГИ одигра скоро сите 40.минути на гостувањето кај Вардар. Притоа забележа 30.поени (4/7 за три, 6/15 за два и 6/6 од линијата која носи по еден поен).
На тоа додаде и девет скока, пет асистенции, четири освоени топки, две загубени и една бллокада за индекс 34.
ПРВА ПЕТОРКА
Аби Ниехуес (Крива Паланка)
Кајла Томас (Пробаскет)
Милица Николиќ (Вардар)
Деја Грин (Крива Паланка)
Лорен Скот (Патриот 2016)
ВТОРА ПЕТОРКА
Елена Тасевска (Вардар)
Тимберлин Крисвел (Патриот 2016)
Теа Трајковска (Вардар)
Линдзи Клири (Бадел 1862)
Арин Фримен (Бадел 1862)
*петорките се формирани според бројот на реализирани индексни поени










