Реваншот помеѓу Шкендија Тетово и Шкендија Арачиново ќе се игра во Куманово?

140

Веќе е познато дека комисијата за натпревари при ФФМ ги утврди термините за одигрување на полуфиналните натпревари во Купот на Македонија. Првите натпревари во кои се среќаваат Охрид Лихнидос – Силекс и Шкендија Тетово – Шкендија Арачиново ќе се одиграат на 22 април додека реванш дуелите на програмата се на шести мај.

Бидејќи во оваа фаза од Купот на Македонија исто се користи ВАР технологија, а стадионот на кој игра Шкендија Арачиново не е во групата на лиценцирани, најверојатно реваншот на кој е домаќин овој тим, ќе го игра во Куманово. Информацијата се уште не е потврдена од „куќата на фудбалот“, но тоа мора да биде стадион каде што ќе може да биде имплементиран ВАР-системот.

За потсетуваање финалето на Купот на Македонија е на 20 мај.

ПретходноКМФ Проект и официјално е шампион на Македонија во футсал
СледноМусовски: Верувам дека Македонија може да ја победи Данска, сон на секој фудбалер е да игра на СП!