Репрезентативците пристигнаа во Копенхаген: Одиме на ПОБЕДА!(ФОТО)

302

СпортСпорт“ во Копенхаген, Огнен Чак Дојчиновски

Експедицијата на нашата А-репрезентација, во која беа и дел од раководството на ФФМ, како и претставници на медиумите по тричасовен пријатен лет, пред малку пристигна на аеродромот во Копенхаген.

Летот од Скопје до главниот град на Данска како брзо да мина. Атмосферата е добра, мислите се победнички, се разбира дека кога се игра за Македонија секогаш мора така да биде.

Инаку по приститнувањето во Копенхаген, нашите фудбалери веднаш ќе бидат сместени во својата база во еден од хотелите во тој град.

Утре ги чека и вообичаен тренинг на “Паркен“ стадионот каде ќе се игра историскиот бараж меч за пласман на СП 2026.

Познато е дека натпреварот се игра в четврток со почеток од 20:45 часот.

Јасно е дека Македонија оди на победа. Данска е фаворит, но ние знаеме како треба на вакви баражи. Како што беше во Палермо, нека биде така и во Копенхаген.No description available.

No description available.

No description available.

Претходно“Бомба“: ПСЖ сега нуди 350 милиони евра за Јамал, ако и тоа е малку ќе понуди и повеќе!
СледноМинибаскет фестивал кој донесе ново макси-дружење во Виница!