Фудбалерот на Реал Мадрид, Килијан Мбапе, денес изјави дека целосно се опоравил од повредата на левото колено, која го држеше надвор од терените во претходниот период.
„Моето колено е добро, многу подобро. Закрепнувањето оди во вистинската насока, иако имаше многу шпекулации и неточни информации. Тоа е животот на врвен спортист, луѓето често зборуваат без да проверуваат“, рече Мбапе на промотивен настан во Франција, како што објави шпанскиот весник Марка.
Францускиот напаѓач истакна дека сега е „100 проценти подготвен“, откако доби прецизна дијагноза во Париз и направи план за враќање во форма.
Сепак, тоа не е единствената вест за Ембапе, бидејќи во исто време денес дојде донекаде шокантно откритие дека медицинскиот тим на Реал првично го третирал погрешното колено и со тоа ја направил повредата на Мбапе уште полоша?!
Ова денес го откри новинарот на Радио Монте Карло, Даниел Риоло, кој тврди дека Мбапе се пожалил на болка во левото колено, а потоа лекарите во Реал му направиле магнетна резонанца на десното!
„Мбапе бил погрешно дијагностициран во Мадрид и затоа отпатувал во Париз на прегледи. Проблемот бил што лекарите во Мадрид му дијагностицирале погрешно колено врз основа на скенирања. Целиот медицински тим на Реал Мадрид бил отпуштен минатиот јануари, ни беше кажано дека тоа е поради голем број повреди. Но, не само тоа, туку имало и катастрофална дијагноза и колосална грешка кога станувало збор за коленото на Мбапе. Тоа беше голема штета за Реал Мадрид“, рече тој.










