ТФТ успеа да израмни на 1-1 во четвртфиналната серија во АБА2-лига, откако на домашен терен славеше против Златибор со 87-79. Тимот од Тафталиџе со одлична игра во последната четвртина успеа да го најде патот до победата.
Дејвис постигна 24 поени, Гордон 16, додека Говенс имаше 15 поени, Зафиров 13.

Иако тимот од Тафталиџе одигра слабо во првото полувреме, и имаше негатива од 18 поени (27-45), на полувремето губеше со 33-49, сепак успеа да се врати во третата четвртина. Полека, но сигурно ја топеше предноста на противникот, со серија од 13-0 успеа да го запише првото водство на мечот од 60-59 и да ја врати неизвесноста. Противникот одговори со осум поени во низа за 60-67, но тоа не беше доволно за да се обесхрабри ТФТ, набризина израмни на 67-67. Од овој момент, водството се менуваше, со тоа што во последната минута дојде до осетлива предност од 85-79 која беше повеќе од доволна за победа.
Реваншот се игра на 31. март на теренот на Златибор, победникот оди во следната рунда.










