Јана Атанасовска запиша македонски рекорд во велеслалом

95

Најдобрата македонска скијачка, Јана Атанасовска, круниса уште еден историски викенд на ФИС трките во Рогла, Словенија. На првиот велеслалом, Јана покажа врвна форма и го освои високото 4-то место.

Посебно блесна во второто возење, каде постигна второ најдобро време на целата патека, со само 0,09 секунди заостанок зад светски познатата Ноа Шолош. Со овој настап, таа освои неверојатни 33,20 ФИС точки, што претставува нов македонски рекорд во дисциплина велеслалом.

Успешната серија продолжи и на втората трка, каде во силна конкуренција Јана се пласира на 7-та позиција со освоени 39,99 ФИС точки.

ПретходноПремија од 3.500.000 евра ако фудбалерите одат на СП!
СледноДанскиот селектор вели дека ќе го чува Дамсгард за финале со Чешка или Ирска?!